Почетна 2018-05-11T09:44:04+00:00

КАКО СЕ ГРЕЕМЕ

(НА КОЈ НАЧИН ЈА ПРЕНЕСУВАМЕ ТОПЛИНАТА ВО НАШИОТ ДОМ)

КОИ СЕ ПРЕДНОСТИТЕ НА ПОДНОТО ГРЕЕЊЕ




Невидлив систем за греење и ладење

Вашата соба нека грее и лади

УДОБНОСТ И КОМФОРТ










Често поставувани прашања

Дали подното греење влијае на крвотокот и предизвикува „проширени вени“? 2018-03-05T08:36:19+00:00

Подното греење не предизвикува проширени вени доколку е применет стручен пристап. Основно што при тоа треба да се знае е дека температурата на површината на подот не смее да ја надмине температура на нашите сензори за допир, а тоа се дланките и стопалата. Медицински е докажано дека оваа температура кај различни особи варира од 27°С до 29°С. Често, кај нови и добро изолирани објекти загревањето на просториите се постигнува со температури на подот и пониски од 27°С. Со цел избегнување на сите несакани ризици, од суштинска важност е зададените параметри да бидат задоволени уште во фазата на проектирање. Тоа подразбира дека подното греење на прво место треба да биде стручно проектирано, а понатаму согласно проектот изведено од квалификувани стручни лица. Не се препорачува директно пристапување кон изведба на подно греење без претходно стручно изработен проект. Задоволувањето на овие барања од друга страна, допринесува до достигнување на врвна удобност и истовремено дополнителна заштеда на енергија.

Дали истиот систем може да се користи и за ладење? 2018-02-27T12:09:10+00:00

ДА! Доколу е правилно испроектиран истиот систем може да се користи и за ладење. Од здравствен аспект дури се препорачува да ладењето биде по пат на „зрачење“ наместо класичното ладење со „дување“. Наместо да го ладиме човекот, целта е да го изладиме објектот и така да направиме идеални услови за престој во него. Притоа се постигнува врвен комфор и удобност. Во просторијата нема бучава, дување, циркулација на микропрашина и видливи елементи кои го нарушуваат ентериерот. Ладењето е „нежно“ и невидливо.

Дали во секоја просторија може да се подесува индивидуално различна температура? 2018-02-27T12:10:01+00:00

Да! Тоа е многу едноставно и во исто време препорачливо од аспект на дополнителна удобност и заштеда на енергија. РЕХАУ контролерот за собна температура Нea (Nea) и соодветна техника на разделници и автоматика можат да је контролираат температурата за секоја соба посебно. Контролорот е лесен за ракување. Покрај тоа, има атрактивен дизајн, за што во 2013 доби награда за дизајн “red dot design award”

Дали подното греење може да се примени и кај простории/објекти со високи тавани? 2018-02-27T12:10:47+00:00

Да! Подното греење е особено препорачливо за загревање на простори со високи тавани. Заради својот температурен профил и отсуството на загуби на енергија за греење на високите делови од просторот (топлината е таму каде што ни треба – долу), подното греење е енергетски најоправдан систем за загревање на простории со високи тавани. Ова поготово се однесува на спортските сали, индустриските објекти, аеродроми, трговски центри, верски објекти и сл. Истовремено рамномерната распределба на топлина во целиот простор создава дополнително високо чувство на удобност.

Што се тоа „Површински системи“ за греење и ладење? 2018-02-27T12:11:30+00:00

За да го инсталирате РЕХАУ површинското греење во вашиот дом постојат различни начини на инсталација. Почнувајќи од класичното подно греење/ладење, потоа поставување на системот во ѕид (ѕидно греење/ладење) па се до инсталација во таванот (таванско греење/ладење). Не е важно кој метод на инсталација ќе изберете: секогаш постојат посебни системи за новите градби и реновирање, за мокра и сува градба. Така РЕХАУ површинското греење се прилагодува на Вашите потреби, а не обратно!

Во која фаза од градбата се вградува подното греење односно површинските системи за греење и ладење? 2018-02-27T12:12:05+00:00

Вградувањето на површинските системи за греење/ладење започнува уште од самиот почеток на проектирање на архитектурата на објектот. Покрај изборот на изолација, прозорци и стакла, кои се неопходни за пресметка на потребната топлина и изборот на системско решение (подно, ѕидно, таванско), особено е важно на објектот да бидат запазени градежните висини на подот (растојание од бетонска плоча до долен раб на надворешни и внатрешни врати) и/или таванот кои се неопходни за инсталација на системот и завршните подни облоги. Од тие причини комуникацијата со стручни лица е од исклучителна важност уште во почетна фаза на проектирање на објектот.

Што е тоа „Пасивно Ладење“ или “Free Cooling”? 2018-03-05T08:42:08+00:00

Потрошувачката на енергија за ладење во нашиот регион е исто толку важна како и при греење. Во услови на ладење површинските системи работат на највисока температура на работниот медиум која е начесто повисока од температурата на тлото (земјата). Во режим на ладење, комбинацијата на површински системи и геотермални топлински пупми ја прави потрошувачката на енергија да биде незначителна – „приближно нула“. Како тоа се случува? Топлинската пумпа не е активна и единствен потрошувач на енергија е циркулационата пума. Извор на енергија во овој случај е топлината (ладнотијата) на тлото (земјата) чија температура е сосема доволна за функционирање на системот за ладење без активирање на дополнителен извор на енергија. Во најголем дел од летната сезона се постигнува скоро бесплатно ладење, таканаречено „Пасивно Ладење“ или „Free Cooling“.

Што е тоа “Sick Building Syndrom” (синдром на болна зграда)? 2018-02-28T13:02:34+00:00

„Синдром на болна зграда“ е медицинска состојба каде што луѓето во објектот без одредена причина имаат чувство на заболеност или се чувствуваат неудобно. Најчести симптоми се главоболка, иритација на грло, нос и очи, замор, вртоглавица и намалена концентрација. Симптомите се засилуваат со зголемување на времето што луѓето го поминуваат во објектот.

Како подното греење влијае на комфорот и здравјето на луѓето? 2018-02-27T12:14:27+00:00

За разлика од класичните системи, со примена на подното греење се обезбедува апсолутен мир во просторијата. Отсуството на бучава и штетни вибрации, отсуството на промаја пропратена со удари од топол и ладен воздух, како и отсуството на ладни и топли зони во различни делови од просторијата дополнително допринесуваат за висок комфор на живеење и воедно намалување на симптомите од т.н. “Sick Building Syndrom” (синдром на болна зграда).

Дали системите за површинско греење се погодни за лица кои страдаат од алергија? 2018-03-05T08:31:54+00:00

Да, имено системите за површинско греење/ладење се исклучително погодни за лицата кои страдаат од алергии. За разлика од класичните системи кои предизвикуваат кружење на воздухот, прашината и микроорганизмите во просторијата, кај системите за површинско греење не се крева прашина и прашински бактерии, бидејќи топлината рамномерно се распределува во просторот. Површинското греење го смирува движењето на воздухот и со тоа го намалува присуството на прашина. Тоа ги намалува симптомите кај лицата кои се алергични на прашина.

Како подното греење влијае визуелно на ентериерот? (Дали подното греење визуелно го оптеретува ентериерот?) 2018-02-27T12:15:27+00:00

Површинските системи за греење и ладење се речиси невидливи. Тие се инсталираат во подот, ѕидот или таванот и со тоа заштедуваат простор. Оптички исчезнуваат и тоа целосно. Благодарение на посебните системи за реновирање и реконструкција- модернизација, особено со мала височина за инсталација, се добива слобода на уредување на вашиот дом.

Дали за површинското греење се потребни високи температури на водата? 2018-03-05T08:33:06+00:00

Не! За разлика од радијаторското греење системите за површинско греење од РЕХАУ бараат значително пониска температура на водата, со цел да се постигне пријатна собна температура. Принципот е јасен: за поголема грејна површина, потребно е помалку топла вода. Тоа не само што заштедува енергија, туку исто така е добро за животната средина, а истовремено ја зголемува удобноста на живеење! Поради умерената температура на површинското греење/ладење тоа е многу добро во комбинација со обновливи извори на топлина.

Дали инсталацијата на системот за површинско греење е обемна работа? 2018-03-05T08:34:27+00:00

Инсталација на површинските системи за греење / ладење професионален инсталатер ја изведува брзо, безбедно и едноставно. Сите компоненти се дизајнирани соодветни за градилиште. РЕХАУ нуди комплетен систем чии компоненти се меѓусебно усогласени – тоа е предност и во инсталација и потоа во нејзиното користење! Авторизираните Рехау Партнери се од страна на Рехау сертифицирани за изведување на површинските системи за греење/ладење и континуирано добиваат техничка поддршка од стручниoт тим на Рехау. Од Вашиот инсталатер побарајте го Рехау АРП сертификатот.

Мислења на задоволни корисници

Your Content Goes Here
Your Content Goes Here, Your Content Goes Here